третосложен | прид.

За акцент – што е на третиот слог од крајот на зборот. Третосложен акцентски систем.

третостепен | прид.

Што е од трет степен, што е трет по ред. Третостепен наставен предмет. Третостепено значење. Третостепени студии.

третпат | прил.

Првпат, вторпат и уште еднаш. Тој третпат претрпе операција. И третпат му одговори збунето. Тие третпат ја гледаа претставата.

треф | м.

Карта за играње со знак црна трилисна детелина. Дама треф.

трешница | ж.

Шлаканица. Скрцна со забите и му влепи трешница.

трештен | прид.

Замаен, занесен, замелушен, зашеметен. Застана како трештен. Трештен и побудален одеше по улиците и пееше.

трешти | несв.

Ечи, силно одекнува, прави голема врева. Кај соседите трешти музика. Трештеа ридовите од камбаните. По запрежните коли трештеа весели детски гласови.

тржествен | прид.

Свечен, што е со особено достоинство, величествен, возвишен. Тржествен тон. Тржествена тишина. Тржествено крунисување. Тржествени моменти.

тржество | ср.

Свеченост, прослава. Црковно тржество. Со невидени тржества го пречекуваа првиот егзархиски владика.

тржествува | несв.

Прославува. Тржествуваа за лавроносецот.