трет | бр.

Што е по ред зад вториот, редна бројна придавка според бројот три. Трет дел. Трети кат. Трето одделение. Трета задача. Третиот месец. Трети дечиња

третина | ж.

Трети дел од едно цело. Една третина од имотот. Две третини од населението.

третира | несв.

Постапува на еден или на друг начин со некого; се однесува на еден или на друг начин со некого. Тој ја третира како жена, но и како борец. Него го третираа како талент.

третман | м.

Примена на медицинска нега кај болен. Лекарски третман.

третокласен | прид.

Што е од трет ред, од трета класа по квалитет. Третокласен хотел. Третокласен тутун.

третокласник | м.

Ученик во трети клас; третоодделенец.

третосложен | прид.

За акцент – што е на третиот слог од крајот на зборот. Третосложен акцентски систем.

третостепен | прид.

Што е од трет степен, што е трет по ред. Третостепен наставен предмет. Третостепено значење. Третостепени студии.

третпат | прил.

Првпат, вторпат и уште еднаш. Тој третпат претрпе операција. И третпат му одговори збунето. Тие третпат ја гледаа претставата.