три | бр.
Основен број поголем за една единица од два; се бележи со бројката 3. Три стола. Три ќерки. Три килограми. Три месеци. Во три часот. Трите деца на сестра ми.
три- | претс.
Прв дел од сложенки со значење три од тоа што е означено во вториот дел од сложениот збор: триаголен, триаголник, трибоен, тривековен, тригодишен, тригодишнина, тридневен, триилјаден, трикатница, тримилионски, триминутен и др.
триаглест | прид.
Што има форма на триаголник, што наликува на триаголник. Триаглест парк. Триаглеста лопата. Триаглести решетки.
триаголен | прид.
Што е со три агли.
триаголник | м.
(мат.) Геометриска слика со три страни и три агли.
триангл | м.
(мат.) Триаголник.
триангла | ж.
триангулација | ж.
Определување на положбата на главните точки при геодетско мерење со триаголник.
триангулационен | прид.
трибина | ж.
Издигнато место за стоење или седење на гледачи. Се качил на трибината за да ја гледа борбата со бикови. Трибините во стадионот се веќе полни.