триесет- | претс.

Како прв дел од сложени придавки и именки кој покажува дека од тоа што го означува основата во другиот дел на сложенката има триесет: триесетгодишен, триесетгодишник, триесетгодишнина, триесетдневен.

триесетгодишен | прид.

Што е на возраст од триесет години. Триесетгодишна ќерка.

триесетгодишник | м.

Тој што е триесетгодишен, што е на возраст од триесет години.

триесетгодишнина | ж.

Временски период од триесет години. Триесетгодишнина од бракот. Триесетгодишнина од вработувањето.

триесетдневен | прид.

Што трае триесет дена. Триесетдневен одмор.

триесетина | бр.

Околу триесет. Триесетина студенти. Триестина години се немавме видено.

триесетка | ж.

Тоа што е означено со бројот 30 (зграда, автобус и др.).

триесетмина | бр.

Триесет луѓе. Триесетмина ја напуштија салата.

триесетти | бр.

Бројна придавка од триесет.

триесеттинка | ж.

Триесетти дел од нешто. На тој внук му припадна триесеттинка од целиот имот.