триж | прил.
Трипати, тројно.
тризаб | прид.
Што има три заба или три запци. Тризаба старица. Тризаба вила за сено.
тризабец | м.
Копје со три заба, три шилци.
трик | м.
Вешт потфат, вешта измама, досетка. Акробатски трик. Каскадерски трик. Тоа е само трик. Измамнички трикови. Умен трик.
трикатен | прид.
Што има три ката, што е на три ката. Трикатна гаража. Трикатни куќи.
трикатница | ж.
Зграда, куќа на три ката.
трико | ср.
Мазно плетена растеглива ткаенина. Црно трико.
трикотажа | ж.
Текстилна стока произведена со машинско плетење.
трикотажен | прид.
Што се однесува на трикотажа. Трикотажен погон. Трикотажна индустрија.
трикрак | прид.
Што има три крака. Трикрака ѕвезда.