тригонометрија | ж.
Дел од геометријата што се занимава со проучување на односот меѓу страните на триаголникот и неговите агли.
триграф | м.
Три букви што означуваат еден глас.
три-девет | прил.
Три пати по девет. Тој убил три-девет јунаци. Три-девет моми ожнеале три-девет ниви.
триделен | прид.
Што има три дела, што се состои од три дела. Триделен костум. Триделен лист.
тридимензионален | прид.
Што има три димензии или што се остварува во три димензии (ширина, должина и длабина). Тридимензионална анимација
тридневен | прид.
Што трае три дена. Тридневен научен собир. Тридневна екскурзија.
трие | несв.
Движи рака или нешто друго по некаква површина со притискање. Среќен и задоволен од добивката ги триеше дланките. Детето сонливо ги триеше очите. Папагалот го трие клунот од металните прачки на кафезот.
триенале | ср.
Културна манифестација што се одржува секоја трета година. Традиционално триенале. Триенале на балкански фолклор.
триер | м.
Земјоделска машина за чистење и за сортирање на зрното.
триесет | бр.
Основен број три пати поголем од десет; се бележи со бројката 30. Сто триесет. Триесет илјади. Триесет и петти. Триесет и тригодишен.