трикратен | прид.
Што се случува трипати, трипати зголемен, троен. Трикратен успех. Трикратна загуба. Трикратни шампиони.
трикрилен | прид.
Што има три крила. Трикрилен прозорец. Трикрилно огледало. Трикрилни ормани.
трилер | м.
Жанр во литературата, филмот и телевизијата, обично со шпионска и криминалистичка тематика, во кој доминираат напнатоста, возбудата и исчекувањето.
трилинг | м.
Три карти од иста вредност.
трилион | м.
Број што изразува вредност од илјада билиони.
трилистен | прид.
Што е од три листа. Трилистен цвет. Трилисна детелина.
трилогија | ж.
Уметничко дело (литературно, филмско, музичко) од три дела меѓусебно поврзни според природата на изразот или според темата.
трим | м.
Современо движење од областа на физичката култура со различни облици на секојдневно вежбање; нема натпреварувачки карактер.
тример | м.
Дел од фризерски прибор со вграден жилет за дотерување, скратување коса.
тримесечен | прид.
Што трае, што се остварува три месеци. Тримесечен период. Тримесечна бременост.