тримесечник | м.

За весник, списание и сл. – што излегува еднаш на три месеци.

тримесечје | ср.

Период од три месеци, четвртина од годината; квартал. Второ тримесечје. Во последното тримесечје од годината економската состојба се подобри.

триместар | м.

Период од три месеци; тримесечје.

триместрален | прид.

Што се однесува на триместар; триместарски.

триметар | м.

Во поезијата – стих од три стапки.

тримир | м.

Тридневен строг пост по велигденските поклади, првите три дена од велигденските пости.

тримири | несв.

Држи тримир. По покладите сите од семејството тримиреа.

тримоторен | прид.

Што има три мотори. Тримоторен авион.

тринаесет | бр.

Број за три поголем од десет; се бележи со бројката 13. Тринаесет години. Тринаесет спортисти.