тринаесет- | претс.
Како прв дел од сложени придавки и именки кој покажува дека од тоа што го означува основата во другиот дел на сложенката има тринаесет: тринаесетгодишен, тринаесетдневен.
тринаесетгодишен | прид.
Што е на возраст од тринаесет години. Тринаесетгодишно девојче.
тринаесетгодишник | м.
Што е на возраст од тринаесет години.
тринаесетдневен | прид.
Што трае тринаесет дена. Тринаесетдневно планинарење.
тринаесетина | бр.
Околу тринаесет.
тринаесетка | ж.
Она што е означено со бројот 13 (зграда, автобус и др.).
тринаесетмина | бр.
Тринаесет луѓе.
тринаесетти | бр.
Бројна придавка од тринаесет.
тринаестгодишнина | ж.
Период од тринаесет години.
тринеделен | прид.
Што трае три недели. Тринеделен престој. Тринеделни трки.