Тринидад и Тобаго | м.
Островска држава во Карипското Море.
тринога | ж.
Скок во далечина со три скока едно по друго; трискок.
триногарник | м.
триножен | прид.
Што има три нозе, три ногалки. Триножни столчиња.
триножник | м.
Столче со три ногалки. Старицата го остави вретеното и стана од триножникот. Децата седеа на исти триножници околу огништето.
трио | ср.
Музичка творба за три инструмента или за три гласа.
триод | м.
Богослужбена книга што се чита во текот на велигденските пости и на велигденските празници.
триода | ж.
Вид електронска цевка со три електроди сместени во метален или стаклен балон со вакуум.
триоден | прид.
Што се однесува на триод. Триоден текст. Триодни ракописи.
триола | ж.
Ритмички знак, украс од три еднакви ноти што траат колку за две од нив.