трипартитен | прид.
Што е од три партии, три лица што образуваат една страна во спор, договор и сл. Трипартитен договор. Трипартитна поделеност.
трипати | прил.
Двапати и уште еднаш, тројно. Трипати во годината одеше в село. Трипати го прашав исто. Тој е трипати потежок од син му. Јаболкниците имаа трипати поголем род од лани.
трипер | м.
Венерична болест; гонореја.
трипеснец | м.
трипликат | м.
Копија, трет примерок што е ист со оригиналот по содржината, формата и сл. Трипликат од документот.
Триполи | ср.
Главен град на Либија.
трипроцентен | прид.
Што е со примеси од три проценти. Трипроцентен алкохол.
триптих | м.
За слика, икона – триделна слика кај која двата странични дела можат да се преклопат со третиот средишен дел.
триреден | прид.
Што е од три реда, што е поставен во три реда. Триредни запци.
трирог | прид.
Што има три рога. Трирога жаба. Трирога шапка.