трисагија | ж.
Молитва кон Света Троица.
трисегментен | прид.
Што се состои од три сегменти, триделен. Трисегментен раствор. Трисегментна песна.
трисед | м.
Возило или летало со три седишта.
трисилабичен | прид.
трискок | м.
Атлетска дисциплина на скок во далечина што се изведува со три последователни скока, отскок, чекор и скок.
трискокач | м.
Натпреварувач во трискок.
трислоен | прид.
Што е од три слоја, што се состои од три слоја. Трислојна салфетка.
трисложен | прид.
Што има три слога. Трисложен збор.
трисобен | прид.
Што има три соби. Трисобен стан. Трисобна куќа.
триста | бр.
Основен број трипати поголем од сто; се бележи со бројката 300. Триста денари. Триста парчиња.