триста- | претс.

Како прв дел од сложени придавки и именки кој покажува дека од тоа што го означува основата во вториот дел на сложенката има триста: тристагодишен, тристагодишнина.

тристагодишен | прид.

Што има триста години, што трае триста години. Тристагодишен даб. Тристагодишен јубилеј.

тристагодишнина | ж.

Период од триста години. Тристагодишнина од раѓањето.

тристамина | бр.

Триста луѓе, триста лица.

тристапати | прил.

Многу пати, често.

тристапен | прид.

Во поезијата – што е составен од три стапки. Тристапен јамб. Четири стиха со тристапни осмерци.

тристепен | прид.

Што е од три степени. Тристепено образование.

тристих | м.

Поетска творба од три стиха.

тристран | прид.

Што има три страни. Тристрана пирамида.

тритикале | ср.

Хибрид од пченица и 'рж со високи протеински вредности; се користи како фуражна култура и за диететска исхрана; Triticosecale.