тритолку | прил.

Трипати по толку. Додај уште тритолку.

тритомен | прид.

Што е составен од три тома, што содржи три тома. Тритомен речник. Тритомна антологија на македонската поезија. Тритомно издание.

тритомник | м.

Научно, литературно и друго дело отпечатено во три тома.

тритон | м.

(мит.) Грќки бог на морето, пола човек, пола риба.

триумвир | м.

Член на триумвират.

триумвират | м.

(истор.) Во стариот Рим – политички сојуз меѓу три лица.

триумф | м.

(истор.) Во стариот Рим – свечено влегување на војсководецот со војската во градот.

триумфален | прид.

Што е направен во чест на некаков триумф. Триумфална порта.

триумфатор | м.

Војсководец што слави триумф.

триумфира | св. и несв.

Победи, победува. Тој триумфира во многу битки.