три-четири | бр.
Приближно, три или четири. На три-четири дена пред свадбата сѐ беше подготвено.
три-четириесет | бр.
Приближно, триесет или четириесет.
три-четиринаесет | бр.
Приближно, тринаесет или четиринаесет.
тричлен | прид.
Што е составен од три члена. Тричлена комисија. Тричлена делегација.
тријада | ж.
(филоз.) Тројство, троен процес, толкување на развојот на светот во три фази.
тријаден | прид.
Што се однесува на тријада. Тријадна структура.
тријазичен | прид.
Што се служи подеднакво со три јазика, што е на три јазици. Тријазична ерес. Тријазична држава. Тријазично училиште.
тријазичник | м.
Речник на три јазици.
трк | м.
Трчање. Скок во коритото на реката, а потоа трк удолу, под брегот. Здивен трк на коњ.
трк! | изв.
За означување наредба да се направи нешто, да се донесе нешто, да се стигне до негде. Трк, да го донесеш писмото. Трк, донеси ми вода.