трка | ж.

трк, трчање.

тркала | несв.

Движи тркалезен предмет, прави повторливи кружни движења на некој предмет. Тој го тркалал бурето по дворот. Децата тркалаат џамлии по земја. Надојдената река бучеше и тркалаше камења.

тркалезен | прид.

Што има форма слична на круг, топка, тркало, вал Тркалезен килим. Тркалезна дрвена софра. Тркалезно лице. Тркалезно огледало. Тркалезни камчиња. Тркалест порцелански ќуп. Тркалесто масиче. Тркалести очи

тркалиште | ср.

Место каде што се одржуваат натпревари во трчање, патека за трки.

тркалка | несв.

тркалне | св.

Истркала нешто малку, донекаде;

тркало | ср.

Тркалезна направа што се врти околу својата оска и служи за придвижување на возило, машина и сл. Дрвено тркало од запрежна кола. Воденично тркало. Гумени тркала. Задни тркала. Тркала на локомотива.

тркалообразен | прид.

Што има тркалезно лице.

трка се | несв.

При движење (одење, возење) се обидува да престигне, да остави зад себе некого. Децата се тркаа кој прв ќе стигне до продавницата. Момчињата се тркаа со моторите.

тркач | м.

Тој што трча, тој што се натпреварува во трчање. Тркачите беа повикани да ги примат наградите.