трихина | ж.
Паразитска глиста што живее во цревата и мускулите на животните и преку месото се пренесува и на човекот; Trichinella spiralis.
трихиноза | ж.
Тешка паразитска болест што се карактеризира со треска, со проблеми во варењето на храната и со вкочанетост на мускулите.
трихотомија | ж.
Расчленување на нешто на три дела, поделба на три групи, три категории.
трици | и.
Ситни лушпи што остануваат по мелењето на житото од семиња на житни растенија. Пченични трици. Овесни трици. Вреќа со трици.
трицикл | м.
Мотор или велосипед со две тркала назад и едно тркало напред.
тричав | прид.
Што содржи трици. Тричаво брашно.
тричасовен | прид.
Што трае три часа. Тричасовен разговор. Тричасовна седница. Тричасовно шоу.
тричекор | м.
Скокање во три чекори. Тој камен најдалеку фрла од сите, со тричекор го скока трлото.
три-четворица | бр.
Неопределено колку, тројца или четворица. Учениците беа собрани во групи по три-четворица.
тричетвртински | прид.
Во спојот тричетвртински такт – такт во три дела, каде првиот е нагласен, а вториот и третиот се ненагласени.