трнка | ж.

Грмушка со трње и со црвени месести плодови, црвен глог; Crataegus oxyacantha.

трнлив | прид.

Што има трње, што е со трње, боцкав. Трнлив глог. Трнливи гранки.

трнов | прид.

Што е од трње. Трнов венец.

трновит | прид.

трновица | ж.

Тоа што е направено од трње.

трноса | св.

Обрасне со трње. Нивите не се обработуваа и трносаа.

трнче | ср.

трњак | м.

Место обраснато со трње. Трњак над патот. Се рашириле трњаци по нивите.

троа | прил.

Малку. Застана и почека троа. Голтна троа ракија од шишенцето. Дајте троа леб и сол! Брашно купуваа троа по троа.