тробоен | прид.

Што е со три бои. Тробоен фустан. Тробојно знаме.

тробојка | ж.

Тробојно знаме. Француска тробојка.

трова | ж.

Трошка.

трога | несв.

Возбудува, трогнува. Не го трога секого поетскиот збор.

трогателен | прид.

Што возбудува, што трогнува. Трогателен глас. Трогателна слика. Трогателно писмо. Трогателни зборови.

троглив | прид.

Што предизвикува возбуда, возбудлив. Троглив роман. Троглива историја.

трогнат | прид.

Силно возбуден, вознемирен, потресен. Трогнат глас. Трогнато срце. Трогнати жени.

трогне | св.

Силно возбуди некого, вознемири, потресе. Сите ги трогна неговата речитост. Трагичната разделба го трогна читателот. Таа постапка го трогна гостинот.

тродимензионален | прид.

Што има три димензии, што се простира во три димензии

троен | прид.

Што е составен од три еднакви дела, члена или од три предмета. Троен член. Троен сојуз. Тројно правило. Тројна комбинација. Тројни свеќници.