тркне | св.
Поита, потрча, побрза да направи нешто. На големиот одмор тркна да купи појадок. Ќе тркнам до дома и пак ќе се вратам.
тркум | прил.
Со трчање, трчајќи. Тркум заминавме дома.
трлав | прид.
Гнил
трла (се) | несв.
трлинка | ж.
трло | ср.
Вид кошара со оградено место во која пладнуваат или зимуваат овците и козите. Ново трло. Овците се прибираат в трло. Трла со сламени покриви.
трмка | ж.
Улиште.
трн | м.
(бот.) Име на разни растенија обрастени со боцки. Расцутен трн. Суви трње.
трнарче | ср.
Мала појна птица со црно-бела глава и црвен дел во пределот на клунот, црни крила со жолти риги, светлокафеав грб и бел мев; Carduelis carduelis.
трненка | ж.
Разгранета грмушка со ситни листови, бели цветови и мали, тркалезни темносини плодови, дива слива; Prunus spinosa.