трошичка | прил.
трошка | ж.
Мало, ситно парче од леб, од нешто што се рони, ронка. Лебна трошка. Трошки на трпеза. Старицата ги собираше трошките од скутот.
трошлив | прид.
Што се троши, ронлив.
трошок | м.
Тоа што ќе се даде за нешто, што ќе се потроши, давачка, издаток. Дневен трошок за храна. Државен трошок. Патни трошоци. Судски трошоци. Трошоци за лекување.
трошоли | несв.
За дете – прозборува, почнува да зборува. Близнаците трошолат, кажуваат по нешто.
Троја | ж.
Древен град држава на Галиполскиот Полуостров, денешна Турција.
тројка | ж.
Бројката три.
тројкаџија | м.
Ученик што е оценет главно со тројки.
тројно | прил.
Трипати по толку, трипати повеќе. Тројно се зголеми увозот на пченица.
тројноглав | прид.
Што има три глави, триглав