тројство | ср.
Троица.
тројца | бр.
Три лица од машки пол, двајца мажи и една жена, две жени и еден маж. Тројца браќа. Тројца врсници. Тројца селани. Сите тројца беа изненадени. Тројцата почнаа да шепотат нешто. Успеавме да сместиме тројца.
троњ | м.
Одар, легло, постела, обично од штици.
трпеж | м.
Трпение.
трпеза | ж.
Маса на која се јаде, трпезариска маса. Долга трпеза. Трпеза со чист чаршаф.
трпезарија | ж.
Просторија за јадење. Голема трпезарија. Манастирска трпезарија. Маса во трпезарија.
трпезарски | прид.
За песна - што се пее за големи празници на полна трпеза.
трпезен | прид.
Што се однесува на трпеза, што е за на трпеза како храна, што се служи со храната. Трпезно вино. Трпезно грозје.
трпезница | ж.
Вид трпеза, долга маса за јадење.
трпелив | прид.
Што покажува трпение, разбирање, што има обѕир спрема некого или нешто, толерантен. Кроток и трпелив човек. Трпеливи патници.