троскотен | прид.
Што се однесува на троскот. Троскотна трева.
тросложен | прид.
трособен | прид.
тростран | прид.
тротил | м.
Експлозивно средство за полнење мини, гранати и сл.
тротинет | м.
Вид детско возило, направа за придвижување со дрвена или метална основа поставена на две или три тркала и уред за управување.
тротоар | м.
Пешачка патека од асфалт, бетон, тули и сл. по должината и над нивото на коловозот. Широк тротоар. Тротоари со плочки.
трофазен | прид.
Што се извршува во три фази. Трофазен проект.
трофеен | прид.
Што се однесува на трофеј. Трофејно оружје.
трофеј | м.
Предмет што е запленет во војна и се чува во чест на победата над непријателот. Воен трофеј. Трофеи од битките.