трудов | прид.

Што се однесува на труд, на работа. Трудова практика. Трудова поезија.

трудоден | м.

Работен ден што се пресметува како единица за наградување или како платен надоместок за вложениот труд од прекувремена работа. Два трудодни. Одработени трудодни.

трудољубив | прид.

Што сака да работи, вреден, работлив, работен. Трудољубива и скромна девојка. Трудољубиво семејство. Трудољубиви ученици.

труе | несв.

Убива со отров. Тој ги труел глувците со отров. Фабричкиот отпад ги труеше рибите во реката.

труженик | м.

Тој што се труди многу, што работи неуморно, пожртвувано. Труженик од културата. Млади труженици.

тружеништво | ср.

Неуморност, пожртвуваност во работата.

трул | прид.

Гнил.

трумбук | м.

Трупец, пенушка.

трунтест | прид.