трумбук | м.

Трупец, пенушка.

трунтест | прид.

труп | м.

Телото без главата и екстремитетите. Краток труп. Говедски труп. Вратот ја поврзува главата со трупот.

труп! | изв.

Извик за подражавање на звук што се слуша при забрзано чекорење. Девојките обуени во чевли со високи потпетци минаа низ улицата: труп, труп, труп! Труп, труп, еве ти ја, дојде.

трупа 1 | ж.

а) (обично во мн.) Војска, армија. Големи порази на германските трупи. б) Воена единица од некој род. Артилериска трупа.

трупа 1 | несв.

За предмети – става заедно, на едно место, без ред, на куп. Носеа по заграб дрва и ги трупаа пред куќата. Цел ден береше билки и ги трупаше на купчиња.

трупа 2 | ж.

Вид игра со карти.

трупа 2 | несв.

Чекори со шум, со тропање. Трупаат коњите по калдрмата.

трупав | прид.

Приглуп.

трупалка | ж.

Рачна пила за сечење дрва.