трубадур | м.

Поет и пејач што изведувал провансалска поезија во средниот век.

трубач | м.

Тој што свири со труба. Трубач на погребен оркестар.

трубен | прид.

Што се однесува на труба. Трубен сигнал. Трубни звуци.

труби | несв.

Свири на труба. Свирачите трубат, тапаните чукаат.

труд | м.

Свесна физичка или умствена дејност на човекот со цел да се постигне, изврши, создаде нешто; работа. Физички труд. Интелектуален труд. Наемен труд.

трудбеник | м.

Тој што вложува труд, човек на трудот, работен човек, работник. Неуморен трудбеник. Заслужни трудбеници.

труден | прид.

трудна.

труди се | несв.

(нар. поез.) Уморува, мачи.

трудна | прид.

За жена – што носи плод, што треба да се породи, бремена.

трудница | ж.

Трудна, бремена жена. Трудницата се жалеше на болки во стомакот.