трупар | м.
Тој што трупи, што сече дрва во трупци.
трупен | прид.
Што се однесува на трупа1. Трупна единица.
трупец | м.
Пресечен дел од стебло без гранки. Дабов трупец. Ја откорна мовта од трупецот. Дебели трупци.
трупи | несв.
Сече дрва во трупци. Стариот трупеше дрва пред куќата.
трупка | ж.
Градинарско растение што образува плодови во земјата со различна форма и боја (бела, црвена, црна или виолетова) и служи во исхраната; репка; Raphanus sativus.
трупне | св.
трупница | ж.
Кус и дебел трупец врз кој се цепат дрва. На трупницата со секира ги цепеше дрвата.
трупче | ср.
Дем. од трупец. Тој седна на трупчето пред колибата.
трупчест | прид.
Што има форма на труп, што има издолжена тркалезна форма, вал Трупчеста грмушка.
трус! | изв.
За подражавање на остар звук при трускање. Трас, трус – се слушаше по скалите надолу.