трут | м.
Машка пчела што има функција само на оплодување на матицата.
труцка | несв.
трујач | м.
Тој што труе.
трча | несв.
Се движи со брзи чекори, реско одбивајќи се од земјата при чекорењето. Момчињата задишано трчаа по патеката покрај реката. Забрзај ги чекорите и трчај по мене! Трчал со сета сила.
трчана | прил.
Трчајќи, со трчање. Тој трчана влезе в соба. До село појде трчанка, без да ги чека другите. Го видоа крај реката, но тој трчанка се изгуби во шумата
трчаница | ж.
Дејство што се одвива со големо брзање, со трчање. Во трчаницата ги заборавивме билетите. Со силна трчаница се врати назад. Најмногу трчаници имаше околу свадбата.
трчилаж | м.
Тој што растрчува и лаже насекаде, лажго, измамник. Неговите соселани го сметаа за трчилаж.
трчка | несв.
Трча малку, кратко време. Тој трчкаше лесно како пердушка.
трчкало | ср.
Тој што растрчува, што го праќаат на разни места да врши ситни работи.
трчне | св.
Потрча, со брзање отиде до некаде. Детето трчна по кокошката. Сине, трчни до татко ти и кажи му како знае да дојде дома.