Тангањика | ж.
Езеро во Африка.
тангента | ж.
(мат.) Права линија што се допира на крива линија во една точка.
тангентен | прид.
Што се однесува на тангента, што е образуван од тангенти. Тангентно правило. Тангентно рамниште.
тангира | несв.
Допира, засега некого, се однесува на некого или на нешто. Тоа прашање го тангира. Тебе тоа да не те тангира.
танго | ср.
а) Вид танц со бавен ритам. б) Музика за таков танц.
тандар-мандар | изв.
Извик за подражавање на тропање, удирање.
тандем | м.
Возило со два или повеќе погонски механизми (двоколка, велосипед со два пара педали и две седишта и др.).
тандрка | несв.
Испушта испрекинати звуци на тропање, удирање при тркалање или движење по тврда, нерамна површина. Колата тандркаше по калдрмата.
танец | м.
Народен танц во кој играчите, најчесто фатени за раце, се движат во круг; оро. Женски танец. Таа ќе го води танецот.
Танзанија | м.
Држава во Африка.