танин | м.
Сложени органски соединенија од растително потекло со опор вкус што се користат во медицината и во кожарската индустрија.
танк | м.
Цистерна, базен, резервоар за течност. Танкови за вода.
танкер | м.
Товарен брод со вграден резервоар за превоз на течност (вода, течно гориво и сл.); брод-цистерна.
танко | прил.
Во танок слој, со помала дебелина. Парчињата леб ги исече танко. Танко намачка мармалад на палачинката и ја свитка.
танко- | претс.
Како прв дел од сложенки со значење дека тоа што е искажано во вториот дел од сложенката е танко: танковрат, танконог, танколик итн.
танковрат | прид.
Што е со танок врат. Танковрата жена.
танкожилест | прид.
Што е со танки жили. Танкожилести пиперки.
танколик | прид.
За сено – што е со танко стебленце.
танконог | прид.
Што е со танки нозе. Девојката беше танконога и ставита.
танкотија | ж.