тужба | ж.
(прав.) Барање на оштетено или овластено лице до судот за поведување постапка заради заштита на своите права или на законитоста.
тужбен | прид.
Што се однесува на тужба. Тужбена постапка. Тужбено барање.
туженик | м.
Тој што е тужен. Тужениците седеа во првиот ред.
тужи | св. и несв.
Поднесе, поднесува, подаде, подава тужба против некого. Ќе ја тужи поради јавна навреда. Тој го тужеше соседот за направената штета во дворот.
тужител | м.
Тој што тужи. Тужителот не се појави на расправата.
тук | сврз.
тук | м.
Стопена маст во јадење. Тук му течеше низ прстите од парчето зелник.
тука | прил.
На ова место, овде, ваму; таму. Децата играат тука, во паркот. Ме донесе тука и ме остави сам.Тука е толку тивко. Тука има сè. Повикај го тука и прашај го.
тукашен | прид.
Што е оттука, од ова место. Тукашен живот. Тукашна фамилија. Тукашна власт. Тукашно вино. Тукашни газди.
туку 1 | сврз.
За поврзување зборовни состави и реченици кои се спротивставени, со појава на одрекување во првиот дел. Таа не јадеше од јадењето, туку пиеше кафе. Јас не ја исчистив куќата, туку легнав болна со температура.