туѓина | ж.

Други земји; странство. Далечна туѓина. Печалбар од туѓина. Поминал многу години во туѓина.

туѓинец | м.

Човек што не е државјанин, граѓанин на земјата во која се наоѓа; странец. Туѓинец, што не го разбира нашиот јазик. Градот е окупиран од туѓинци.

туѓински | прид.

Што се однесува на туѓина и туѓинец. Туѓински гроб. Туѓинска власт. Туѓински песни.

туѓинство | ср.

Туѓина, странство. Таму, откако се созеде извесно време, се навикнуваше на туѓинство. Помина години во туѓинство, се врати остарен, побелен.

туѓи се | несв.

Престанува да биде близок со некого, станува туѓ, се отуѓува. Тој се туѓи од мене, а не ја знам причината. Вие сте плашливи, недоверливи, од сите се туѓите.

туѓоземен | прид.

Што е од туѓа, друга земја; странски. Туѓоземни трговци.

туѓоземец | м.

Тој што е од туѓа, друга земја; странец. Врвеа туѓоземци по нашите патишта.

туѓоземство | ср.

Туѓина, странство.

туѓојазичен | прид.

Што е од туѓ, друг јазик. Туѓојазичен израз. Туѓојазични влијанија.