туку 2 | прил.

За истакнување на дејството и за нагласување на неговата трајност. Таа сè туку зборува. Туку се смее најгласно од сите. Не туку викај.

тукуречи | мод.

Така да се каже, речиси, скоро, без малку. Ти ја крена таа девојка тукуречи од калта. За жал, тукуречи ништо не се знаело. Ние во селово сме тукуречи сите сиромаси. Тој клекнал и се наведнал тукуречи до земја.

тукутака | прил.

Без причина, без некаква цел, без волја, без намера, без напор, само онака. Тој не бил тукутака дојден ваму. Венец не може да се стави тукутака. Кај него ништо нема тукутака.

тукушто 1 | сврз.

Во зависносложени временски реченици за да се изрази непосредно вршење на дејства или во многу краток интервал едно по друго; штом 1, само што. Тукушто излезе тој, ти се појави. Тукушто вечеравме, некој затропа на вратата.

тукушто 2 | прил.

Пред малку, пред кусо време, само што; штотуку. Децата тукушто заспале. Возот тукушто пристигна на перонот. Уште малку почекај, тукушто завршив со часовите! Тукушто се појавила месечината на небото.

тул 1 | м.

Кожена чанта за стрели. Отворен тул. Тој во рацете држеше лак и тул.

тул 2 | м.

Вид тенка, прозрачна, мрежеста ткаенина; тил2. Невестински фустан од свила и тул.

тула | ж.

Градежен материјал за ѕидање што се добива со машинско или рачно формирање, сушење и печење на глина, песок и вода; цреп

тулар | м.

Тој што прави, произведува тули.