тумба | ж.

Возвишение. Песочна тумба. Висока тумба. Замина сонцето зад тумбите.

тумбест | прид.

Што е со тумби, нерамен. Тумбест пат. Тумбеста полјана.

тумбогаз | прид.

Што има испупчен газ, задник. Русокоса, тумбогаза девојка.

тумбури | несв.

Натрапливо наложува, спроведува, прави нешто по своја волја. Што ми ги тумбуриш твоите проблеми за расправање.

тумор | ж.

Новосоздаден атипичен израсток на ткивото што постојано расте со размножување на клетките и не може да се контролира. Малиген тумор. Бенигни тумори.

тумрук | м.

(дијал.) Греда.

туна | ж.

Вид крупна морска риба, топлокрвна и многу брза, со вкусно розово месо; Thunnus thynnus.

тундра | ж.

Голема рамница во арктичкиот појас, обрасната со ниска растителност.

туне | несв.

тунел | м.

Ископан подземен премин низ рид, под пат и сл. со излез на двата краја и со различна намена. Долг тунел. Железнички тунел. Тунели за автомобили. Патнички тунели.