туника | ж.
(истор.) Долна облека слична на кошула, без ракави или со куси ракави, што ја носеле мажите и жените во стариот Рим.
Тунис | м.
Држава во Северна Африка.
Тунис | м.
Главен град на Тунис.
тунтурест | прид.
За човек – полничок, дебеликав. Тунтурести моми.
тунтурици | и.
Вид женски накит од народната носија, сребрен украс со монети за на глава, што го прекривал челото.
туп! | изв.
За подражавање звук што се слуша при движење, трчање. Туп, туп, еве го на врата! Туп, туп, туп по скалите, истрча во дворот!
тупа | несв.
Удира, чука. Соседите на горниот кат цел ден тупаат.
тупалка | ж.
Направа за тупање постела, душек, килим и сл.
тупало | ср.
тупалка.
тупаница | ж.
Раката со стиснати прсти кон дланката. Удар со тупаница. Ги стегна прстите во тупаница. Стегнати тупаници. Бебето ги држи рацете во тупаници.