туража | ж.

Бројот на вртежи што ги прави еден мотор, обично автомобилски, за определено време. Висока туража.

туралија | прид.

Што има тура2, што е со тура. Жолтица туралија.

турач | м.

Тој што тура, што сипе.

турбан | м.

а) Бела лесна ткаенина обвиткана околу фесот кај муслиманите; чалма. б) Дел од традиционалната облека кај муслиманите што ја покрива главата, парче платно со различна должина и боја, слоевито свиткано околу главата во различна форма.

турбе | ср.

Надгробен споменик, мал исламски мавзолеј, најчесто градба со шестоаголна или осмоаголна форма покриена со купола, обично кон џамија.

турбина | ж.

Ротациона машина што ја претвора кинетичката енергија на некој медиум (вода, пареа, гас, воздух) во механичка работа. Парна турбина. Водна турбина.

турбо- | претс.

Прв дел од сложенки кој покажува дека тоа што го означува основата на вториот дел од сложенката се движи со помош на турбина: турбогенератор, турбореактор.

турбо | прил.

Постојано, без прекин. Работиме турбо.

турбогенератор | м.

Турбина и генератор за производство на електрична енергија.

турбореактор | м.

Мотор на млазен погон.