тупка | несв.

Детето тупкаше со стапчето по ѕидот. Девојката ја тупкаше кадифената перница. Луѓето тупкаа со нозете во снегот. Срцето му тупкаше од возбуда. Топло го поздравуваа и го тупкаа по плеќи.

тупне | св.

Се искачи на оградата и тупна со нозете на плочникот во дворот. Тој војнички тупна со нозете и поздрави. Ќе го тупнеше внука си по рамо и ќе заминеше.

тупоса | несв.

Даде нешто натрапливо, што е нерадо прифатливо, подаде на груб начин. Не ме ни праша, ми го тупоса детето да го чувам. Јас ти давам чаша, а друга би ти ја тупосала стомната од неа да се напиеш.

тупот | м.

Звук што се слуша при движење, трчање на коњ. Изморен тупот на коњски копита.

тупоти | несв.

Издава, прави тупот. Децата цел ден тупотеа по дворот. Силно тупотат коњите.

тур | м.

Изумрено диво говедо, предок на домашното говедо; Bos taurus primigenius.

тура 1 | ж.

Клопче, чиле.

тура 2 | ж.

Султански монограм на монета или на документ.

тура 3 | ж.

Патување, одење, заминување некаде со туристичка или некаква друга цел. Туристичка тура. Планинарска тура. Велосипедски тури. Тури за Далечниот Исток.

тура | несв.

Налева, сипе течност во нешто или врз нешто. Тој тура ракија, ние пиеме наискап. Во тавата тураше масло да се загрее.