тутунски | прид.
Што се однесува на тутун. Тутунски комбинат. Тутунски град. Тутунска индустрија. Тутунски монополи.
тутунџија | м.
Тутунар.
тутур | ж.
Ќесе од хартија во форма на инка, фишек. Печени костени во тутур. Тутурки со семки
тутурутка | ж.
(разг., пејор.) Несмасен, изгубен, неспособен човек.
туф! | изв.
За изразување јад, покајување, незадоволство. Туф, што стори, уште го нема детето! Туф, како се случи сето ова! Туф, зарем сега најде да изгасне ламбата?
туф | м.
Вид камен од седиментно или вулканско потекло.
туфек | м.
Пушка.
туфекчија | м.
Пушкар.
туфка | ж.
Прамен коса.
туфка | несв.
Се јадосува, кука, гласно жали, тагува. Старицата беспомошно офкаше и туфкаше над болниот.