туфче | ср.
Украс на капа како снопче, китче.
туце | ср.
(разг.) Свивка пари. Извади туце од џебот и почна да брои.
туч | м.
Бронза. Ѕвонче од туч.
тучалник | м.
За Божиќ – ден на кој се мрси.
тучен 1 | прид.
Што е од туч, бронзен.
тучен 2 | прид.
Што е со тук, мрсен. Тучна чорба. Тучни печива.
тучи | несв.
Храни некого со мрсни јадења.
тучница | ж.
Едногодишно растение со стебло што се разгранува по земјата, со месести, светлозелени и сочни листови и мали, жолти цветови; Portulaca oleracea
туш 1 | м.
Вид црно мастило за цртање. Туш и перодршка. Два цртежа со туш.
туш 2 | м.
Направа со многу ситни дупчиња што ја распрснува водата за полевање на телото при капење. Се капеа под туш.