тутка 1 | несв.
Со притисок прави нешто да биде нерамно, згмечено, собрано. Девојчето нервозно го туткаше шамичето в раце. Тој ја туткаше шапката врз градите. Детето тутка лист хартија.
тутка 2 | несв.
тутка | ж.
За конец, крпа, хартија и сл. – собран, стуткан во клопче. Не може да ја размрси тутката конци. Тутки хартија во корпата.
туткал | м.
Вид лепило за спојување на делови од исти или различни материјали (кожа, дрво, стакло, метал, гума и др).
туткалиса | св.
Намачка, залепи со туткал. Ја туткалиса скршената рачка од стомната.
туткун | м.
Тој што не умее да се снајде, да излезе од тешка состојба, неснаодлив човек. Тој беше туткун, таков го дал господ.
тутне | св.
Стави нешто кришум, сокрие. Детето најде пари, ги тутна в џеб и избега.
тутор | м.
Лице задолжено да се грижи за малолетни, онемоштени и сл. лица; старател.
туторство | ср.
тутулав | прид.
Ограничен, заостанат, прост, затутулен. Тутулава жена.