тапанче | ср.
Дем. од тапан.
тапанџија | м.
тапацир | м.
Ткаенина, кожа, скај и сл. со кои се обложуваат делови од мебелот (стол, кауч и сл.). Столови со тапацир. Врати со тапацир. Ќе го сменам тапацирот на каучот.
тапацира | св. и несв.
Обложи, обложува со ткаенина, кожа и сл. дел од мебелот; тапетира.
тапациран | прид.
Што е обложен со ткаенина, кожа и сл. Тапациран мебел.
тапет | м.
Само во изразот стави на тапет – стави на дневен ред, постави како проблем, земе во разгледување.
тапета | м.
Специјална хартија или платно во вид на широки ленти што се користи за облепување на внатрешни ѕидови на соба и сл. Ѕидни тапети. Лепило за тапети.
тапетар | м.
Занаетчија што се занимава со тапацирање на мебел.
тапетира | св. и несв.
Обложи, обложува ѕидови со тапети.
тапи | несв.
Прави нешто да стане тапо; затапува. Сечилото го тапи со честа употреба.