танц-мајстор | м.
Учител по танцување.
танцов | прид.
Што се однесува на танц, што е поврзан со танц. Танцови мелодии. Танцова школа.
танцува | несв.
Игра, изведува танц. Тие танцуваа по тактот на тангото.
танцувач | м.
Тој што танцува; тој што умее да танцува.
танчар | м.
Тој што го води орото, ороводец.
танчи | несв.
Прави танок, истанчува. Тој го танчи сечилото.
тап | прид.
Што не е остар, што не сече добро. Тап нож. Тап брич.
тапа | ж.
Парче плута за затнување шише; затка. Ја извади тапата од шишето и фати да пие.
тапан | м.
Ударен музички инструмент во форма на голем шуплив цилиндар со оптегната кожа на едната или на двете страни; барабан. Цела ноќ удираа тапани и свиреа зурли.
тапанар | м.
Тој што бие, удира на тапан; музичар што бие на тапан. Тапанарот силно удираше на тапанот.