тапир | м.

Цицач, копитар со мала сурла што живее во тропските шуми на југоисточна Азија и Јужна Америка; Tapirus.

таписерија | ж.

а) Уметнички вез на ретко платно или на ткаено платно за килими, простирки, украсни слики за на ѕид и др. На сите ѕидови имаше слики и таписерии. б) Домашна ракотворба изработена со волнен конец и со примена на специјална техника.

тапија | ж.

Судски, нотарски заверен документ за сопственост на имот.

тапка | несв.

а) Се движи, чекори со лесен и ситен чекор произведувајќи тап звук. Во ходникот тапкаа чекори. Со бавен чекор тој тапка по патот. б) Гази, удира со нозете на исто место, на ограничен простор. Тапкаше со нозете и ухаше во прстите за да се згрее. в) Израмни, набие нешто со газење, со притискање. Нивните нозе ја тапкаа земјата. г) Израмни нешто удирајќи, притискајќи со рацете. Таа ја тапкаше глината со рацете.

тапоаголен | прид.

Што има тап агол. Тапоаголен триаголник.

тапоглав | прид.

Што тешко сфаќа, глупав, ограничен. Тапоглав човек.

тапоглавец | м.

Тој што тешко сфаќа, глупак.

тапоса | св.

Даде, стави, тутне некому нешто. Сака да му го тапоса за некоја лира поскапо.

тапоумен | прид.

Што тешко сфаќа, глупав, тапоглав. Тој е наивен и тапоумен.

таптиса | св.

Се загледа, се занесе.