Тар | м.
Пустина во Индија.
тараба | ж.
Ограда од штици или од летви. Дворот беше заграден со тараба.
тарабука | ж.
Ударен музички инструмент изработен од глина во форма на вазна, затворена со штавена кожа по широката кружна површина, на која се удира со дланките. Момчето удираше по тарабуката.
тарамбука | ж.
тарана | ж.
Тесто издробено на зрна со ренде и исушено. На сонце се сушеше тарана.
тараненик | м.
Вид јадење подготвено од тарана и кори и потпечено во рерна.
тарантела | ж.
Италијански народен танц со брзо темпо; музика со такво темпо.
тарантула | ж.
Вид голем црн пајак; Tarentula fasciiventris.
тарапана 1 | ж.
Работилница за ковење пари.
тарапана 2 | ж.
Изобилство.