татковнина | ж.

Имот наследен од таткото.

татковски | прид.

Што му прилега на татко, грижлив, добронамерен. Татковски совет. Татковски поглед. Татковски прекор.

татковство | ср.

Крвно сродство меѓу таткото и детето. Докажување на татковство.

татли | прид.

Што е сладок, вкусен. Татли боза.

татлија | ж.

Вид слатка пита.

татнеж | м.

а) Силен и долготраен звук кој одекнува при грмење, експлозија и сл. Трештат татнежи и громови. Одекнуваат силните татнежи од експлозиите на мините. Ги разбуди татнеж на топови. б) Силен звук при работа на машина, удари на тркала и сл.; удирање. Трамвајот со силен татнеж профучи крај нив. Татнежот на тапаните пројачи низ доловите. Татнежот на брановите. в) Придушен, тап звук при чекорење, од врева и сл. Оддалеку го познава татнежот на неговиот коњ. Неговиот глас се изгуби во татнежот на чекорите и вревата.

татни | несв.

Произведува татнеж, се огласува со татнеж. Громови татнат. Насекаде татнеше од пукотници. Татнат копитата на коњот. Во собата татнеа фабричките мотори.

тато | м.

При фамилијарно обраќање кон сопствениот татко; тате. Тато ќе се налути ако не ги научиш уроците.

татов | прид.

Што припаѓа на татко. Татовата рака.