татони | несв.

Татри | и.

Планински венец во Западните Карпати кој се наоѓа во Словачка и во Полска.

татула | ж.

Отровно растение со бели цветови, бодликав плод и непријатен мирис; Datura stramonium.

татче | ср.

тафт | м.

Вид крута сјајна свилена ткаенина.

тафтен | прид.

Што е од тафт. Тафтено здолниште.

тахикардија | ж.

Премногу забрзана работа на срцето.