татарник | м.

Вид лак со штица како пушка за фрлање стрели.

тате | м.

При фамилијарно обраќање кон сопствениот татко; тато. Да му кажам ли на тате?

татев | прид.

Што припаѓа на татко. Татевото лице.

татин | прид.

Што припаѓа на тате. Татините очи. Татино и мамино детенце.

таткин | прид.

Татков, татин.

татко | м.

Мажот родител, мажот во однос на сопствените деца. Неговиот татко беше многу строг. Татко ѝ имаше фурна во градот. Таа сестра му беше само по татко.

татков | прид.

Што припаѓа на татко. Татковата куќа. Татково име. Таткова галеница. Таткова мудрост.

татковина | ж.

Земјата, државата во која некој се родил и чиј државјанин е. Љубов кон татковината.

татковински | прид.

Што се однесува на татковина. Татковински шуми.