Тахити | ср.
Остров во Тихиот Океан, дел од Француска Полинезија.
тацна | ж.
Мало чиниче во комплет со шолја, филџан и сл. Таа ги наредила шолјите и тацните.
ташак | м.
ташаклија | прид.
Ташкент | м.
Главен град на Узбекистан.
ташна | ж.
Чанта, торба. Таа носеше кожена ташна.
Тајван | м.
Островска држава во Азија.
тајга | ж.
Иглолисна прашума во северните делови на Сибир, Урал и др. Сибирска тајга.
Тајланд | м.
Држава во Азија.
тајмаут | м.
Кус прекин на играта во кошарка и одбојка што се дава по барање на тренерот.