тафт | м.

Вид крута сјајна свилена ткаенина.

тафтен | прид.

Што е од тафт. Тафтено здолниште.

тахикардија | ж.

Премногу забрзана работа на срцето.

Тахити | ср.

Остров во Тихиот Океан, дел од Француска Полинезија.

тацна | ж.

Мало чиниче во комплет со шолја, филџан и сл. Таа ги наредила шолјите и тацните.

Таџикистан | м.

Држава во Средна Азија.

Ташкент | м.

Главен град на Узбекистан.