Таџикистан | м.
Држава во Средна Азија.
Тбилиси | ср.
Главен град на Грузија.
твар | м.
Материја, супстанција.
тваровит | прид.
Што е здрав, јадар. Тваровита жена.
твид | м.
Вид мека волнена ткаенина исткаена од разнобојни нишки во кепер-ткаење наменета за костуми.
твист | м.
Вид танц со брз ритам.
твор | м.
Животно со скапоцено крзно од фамилијата куни кое испушта секрет со многу непријатна миризба за одбрана и заштита од непријателите; Putorius putorius.
творба | ж.
Дело, производ на творечка, уметничка активност. Литературна творба. Уметничка творба. Драмска творба. Епска творба. Оригинална творба. Аматерска творба.
творбен | прид.
Што е способен, што може да твори; творечки.
творец | м.
а) Тој што твори, што создава нешто, автор. Читателот ги доживува тие настани и личности исто како што ги доживувал творецот при создавањето на своето дело. Народен творец. б) Основач, зачетник. Тој е творец на новиот експериментален метод.